Новости

Организирана посета на Нишка бања и Ниш, за членовите на Здружението на физијатри на РМ

30.09.2019

Почитувани колеги,

Здружението на физијатри на РМ Ве известува дека истото организира посета на Нишка бања и Ниш за членовите на Здружението на физијатри на РМ. Патувањето ќе се реализира на ден 19.10.2019 година (сабота), во соработка со Туристичката агенција МТС Травел Сервис.Тргнувањето е во 7 часот од Дрво Декор (потребно е да бидете таму во 06.45 мин.), а враќањето е во 17.30 или 18 часот (според договор).
Од Здружението на физијатри на РМ се покриени трошоците само за патувањето (превозот), останатите трошоци се на товар на патниците. Не е обезбедено патничко здравствено осигурување. Патувањето е со удобен автобус со 50 седишта. Пријавувањето за патување на колегите е во Туристичката агенција МТС Травел Сервис, на телефоните: 02 32 32 597 и 070 249 049.
При пријавувањето треба да се повикате на патување организирано од проф.Ериета, да оставите име и презиме и телефонски број.
Нагласувам дека не е можно пријавување на лица кои не се членови на Здружението на физијатри.

Со почит,
Проф. д-р Ериета Николиќ-Димитрова, м-р, др.сци

<< Назад
picture

Македонски

Се симнува документ за конгрес на Mакедонски јазик.

picture

English

Се симнува документ за конгрес на англиски јазик.

picture

Регистрација и сместување

Се симнува документ за регистрација и сместување.

picture

Registration and accommodation

Се симнува документ за регистрација и сместување.