Новости

Организирана посета на Заводот за рехабилитација на пулмонални заболувања во Отешево, 09.11.2019

28.10.2019

Почитувани колеги,

Здружението на физијатри на Македонија ве известува дека истото организира посета на Заводот за рехабилитација на пулмонални заболувања во Отешево за членовите на Здружението на физијатри на Македонија. Планираме време за ручек во Битола.

Патувањето ќе се реализира на ден 09.11.2019 година (сабота), во соработка со Туристичката агенција МТС Травел Сервис. Тргнувањето е во 7 часот од Дрво Декор (потребно е да бидете таму во 6.45 мин.) ,а враќањето е во 17 часот (според договор).

Од Здружението на физијатри на Македонија се покриени трошоците само за патувањето (превозот), останатите трошоци се на товар на патниците. Патувањето е со удобен автобус со 50 седишта. Колегите кои живеат во градовите по пат (Велес, Прилеп, Битола итн.) можат во агенцијата да се договорат каде можат да бидат земени и во колку часот.

Пријавувањето за патување е во Туристичката агенција МТС Травел Сервис на телефоните: 02 32 32 597 и 070 249 049.

При пријавувањето треба да се повикате на патување организирано од проф. Ериета, да оставите име и презиме и телефонски број. Нагласувам дека не е можно пријавување на лица кои не се членови на Здружението на физијатри.

Со почит,

Претседател на ЗФМ
Проф. д-р Ериета Николиќ- Димитрова, м-р, др.сци

<< Назад
picture

Македонски

Се симнува документ за конгрес на Mакедонски јазик.

picture

English

Се симнува документ за конгрес на англиски јазик.

picture

Регистрација и сместување

Се симнува документ за регистрација и сместување.

picture

Registration and accommodation

Се симнува документ за регистрација и сместување.