Новости

Организирана посета на Заводот за рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во Охрид, 22.11.2019

07.11.2019

Почитувани колеги,

Здружението на физијатри на Р.Македонија ве известува дека истото организира посета на Заводот за рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во Охрид за членовите на Здружението на физијатри на Р. Македонија.
Патувањето ќе се реализира на ден 22.11.2019 година (петок), во соработка со Туристичката агенција МТС Травел Сервис.
Тргнувањето е во 7 часот од Дрво Декор (потребно е да бидете таму во 6.45), а враќањето е во 17 часот (според договор). Планирано е време за ручек во Битола.
Од Здружението на физијатри на Р. Македонија се покриени трошоците само за патувањето (превозот),останатите тршоци се товар на патниците. Патувањето е со удобен автобус со 50 седишта.
Колегите кои живеат во градовите по пат (Тетово, Гостивар и др.) можат во агенција да се договорат каде можат да бидат земени и во колку часот.
Пријавувањето за патување на колегите е во Туристичка агенција МТС Травел Сервис на телефоните: 02 32 32 597 и 070 249 049.
При пријавувањето треба да се повикате на патување организирано од проф.Ериета, да оставите име и презиме и телефонски број.
Нагласувам дека не е можно пријавување на лица кои не се членови на Здружението на физијатри.

Со почит,
Претседател на ЗФМ
Проф. д-р Ериета Николиќ-Димитрова ,м-р, др.сци

<< Назад
picture

Македонски

Се симнува документ за конгрес на Mакедонски јазик.

picture

English

Се симнува документ за конгрес на англиски јазик.

picture

Регистрација и сместување

Се симнува документ за регистрација и сместување.

picture

Registration and accommodation

Се симнува документ за регистрација и сместување.