Новости

On-line континуирана медицинска едукација- Стручен состанок на Здружението на физијатри на РМ

26.06.2020

Почитувани колеги,

Во интерес на здравјето, безбедноста и благосотојбата на сите членови на нашето здружение и согласно Законот за Здравствена заштита и препораките на Министерството за здравство за избегнување на јавни собири и одржување на физичка дистанца, овој период, најверојатно и периодот кој ќе следи, стручно усовршување ќе треба да го спроведуваме преку on-line континуирана медицинска едукација.

Заради тоа, нашиот втор стручен состанок на здружението ќе биде Оn-line предавање во вид на Power Point презентација со снимен аудио запис, кој ќе биде поставен на веб страницата на МЛД за Оn-line КМЕ https://kme.mld.mk.

За да можете да следите Оn-line предавањето секој од вас лично мора да има регистриран кориснички профил на страниците за Online KME на Македонското лекарско друштво (http://kme.mld.mk/).
КМ едукацијата е акредитирана од МЛД и ЛКСРМ .

Предавањата ќе бидат активни од 30.06.2020 – 5.08.2020 година.По регистрацијата се пристапува кон електронска уплата од 350.00 днеари за да може потоа да пристапите кон предавањето. На крајот од предавањето следи тест од 10 прашања кои ќе треба да се одговорат по електронски пат ( се прави избор на точен одговор).
Успешното комплетирање на едукацијата се потврдува со Сертификат кој, во дигитален формат, се издава во рок од 7-14 дена по полагањето на тестот.

Доколку имате технички проблеми во однонос на регистрацијата ќе се обратите во МЛД , тел.02 3162 577 Email: contact@kme.mld.mk.


Програма на едукацијата:



1. Озонотерапија препораки и клиничка примена, Ас.др.Лилјана Mалинова Николовска, специјалист анестезиолог ГОБ 8ми септември, Скопје

2. Рехабилитација на пациенти инфицирани со Ковид-19 , др.Емилија Мишковска Гркова, специјалист физијатар ГОБ 8 ми септември, Скопје


Срдечен поздрав.

Претседател на ЗФМ

Доц.др.Валентина Коевска


<< Назад
picture

Македонски

Се симнува документ за конгрес на Mакедонски јазик.

picture

English

Се симнува документ за конгрес на англиски јазик.

picture

Регистрација и сместување

Се симнува документ за регистрација и сместување.

picture

Registration and accommodation

Се симнува документ за регистрација и сместување.