Новости

5-ти Конгрес на Здружението на физијатри на Македонија со меѓународно учество,25-28 септември 2022, Хотел Метропол Охрид

25.04.2022

Почитувани колеги,
Петтиот Конгрес на Здружението на физијатри на Македонија со меѓународно учество ќе се одржи во период од 25 до 28 септември 2022 година во Охрид, хотел Метропол, Охрид. Главен организатор е Здружението на физијатри на Македонија.

Главните теми на конгресот се:

1. Рехабилитација на пациенти по КОВИД-19.
2. Рехабилитација во ортопедија и трауматологија на мускулоскелетен систем
3. Рехабилитација во ревматологија
4. Рехабилитација во неврологија
5. Рехабилитација во детска возраст
6. Протетика и ортотика.
7. Слободни теми

КОНГРЕСНИ ТЕЛА:
Претседател на Организациониот одбор: Проф.д-р Валентина Коевска
Претседател на Научниот одбор: Проф. д-р Ериета Николиќ-Димитрова
Генерален секретар: Д-р Маја Манолева

ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПСТРАКТИ И ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ
Апстрактите да бидат напишани во фонтот Arial во македонска подршка, со големина на букви 12, единечен проред во А4 формат. Не треба да содржат повеќе од 300 зборови, вклучувајќи го и насловот, имиња и презимиња на авторите, институцијата од која доаѓаат, содржината на апстрактот и максимум 5 клучни зборови. Насловот да биде напишан со големи букви.
Апстрактите треба да бидат што е можно поконцизни и да ги вклучува следните поднаслови:
ВОВЕД, ЦЕЛИ, МАТЕРИЈАЛ, МЕТОДИ, РЕЗУЛТАТИ, ЗАКЛУЧОК и РЕФЕРЕНЦИ.
Истите треба да бидат напишани на македонски и/или англиски јазик.
Сите апстракти да се достават на е-маил адресата на нашето здружение: fizijatri@yahoo.com.
Важни датуми:
Краен рок за поднесување на апстрактите е 15.06.2022 год.
Краен рок за потврда за прифатен абстракт е 1.08.2022 год.
Одлуката за прифаќање на апстрактите од усните и постер презентациите одлуката ја носи Научниот одбор. Учесниците ги бидат информирани преку email.

РЕГИСТРАЦИЈА НА УЧЕСНИЦИ
Вид на учесник До 30.06.2022 По 1.07.2022
Учесник 100 евра 120 евра
студенти 60 евра 60 евра

Уплата е во денарска противредност со вклучен ддв од 18%.
РЕГИСТРАЦИЈА ВКЛУЧУВА:
Присуство на сите сесии на Конгресот
Торбица со комплет печатени материјали
Сертификат за учество на Конгресот
Присуство на свечено отварање
Присуство на свечена вечера

Сертификатот ќе биде доставен по завршување на Конгресот.
Уплатата за регистрација на учесниците се извршува на ж-ро сметка на:
ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА ВИС ПОЈ
Бул. Македонски просветители 1
6000, Охрид, Република маедонија
Тел/факс +389 46 255 600
E-mail:
congress@vispoj.com.mk
www.vispoj.com.mk
Уплатите за регистрација и хотелско сместување може да се направат на следните жиро сметки:
Денарска сметка
Прима-Вис пој ДООЕЛ
Банка-Охридска Банка АД Охрид
ЕДБ: МК4020002131507
Жиро сметка: 250000100247574

<< Назад
picture

Македонски

Се симнува документ за конгрес на Mакедонски јазик.

picture

English

Се симнува документ за конгрес на англиски јазик.

picture

Регистрација и сместување

Се симнува документ за регистрација и сместување.

picture

Registration and accommodation

Се симнува документ за регистрација и сместување.