Новости

Стручен симпозиум на тема: Повреди и заболувања на рбетникот,во организација на МАДОТ и АД Алкалоид Скопје, 06.11.2015 (петок),Бизнис сала на Скопски саем

29.10.2015

На 06 ноември 2015 година (петок),во Бизнис салата на Скопски саем со почеток од 13 часот ќе се одржи стручен симпозиум на тема Повреди и заболувања на рбетникот, а во организација на Македонското здружение на ортопеди и трауматолози (МАДОТ) и АД Алкалоид - Скопје, ко-организатори: Здружение на неврохирурзи и Здружение на физијатри на РМ.

Програма:
1.Дегенеративни промени на рбетниот столб (10мин.)
Д.Даскалов,М.Лазароска,П.Јаневски,В.Алиу,Универзитетска клиника за радиологија Скопје
2.Наши искуства во оперативниот третман на скршеници на вратниот и торако-лумбалниот сегмент на рбетникот (10мин.)
С.Трпески,И.Кафтанџиев, О.Арсовски, Љ.Николов, И.Хасани, И.Мерџановски, Универзитетска клиника за трауматологија Скопје
3.Аспекти од оперативниот третман на спиналната стеноза (наши искуства) (10мин.)
Љ.Николов, И.Кафтанџиев, С.Трпески, О.Арсовски, И.Хасани, А.Гавриловски, Х.Костов, Универзитетска клиника за трауматологија-Спинален центар Скопје
4.Употреба на БлокМАКС (ибупрофен) во третман на болка (10мин.)
Дипл.фарм. А.Шукриева Филипчева, АД Алкалоид-Скопје

Пауза (14.00-14.15)

5.Предна вратна дисектомија и фузија (10мин.)
А.Чапаровски, В.Филипче, Универзитетска клиника за неврохирургија Скопје
6.Сакропелвични параметри и сагитално позиционирање на рбетниот столб (10 мин.)
Н.Поповски, Универзитетска клиника за ортопедски болести Скопје
7.Рехабилитација на пациенти по оперативно лекување на лумбална дискус хернија (10 мин.)
Е.Николиќ Димитрова, ЗМР-Козле Скопје
8.Дискусија

Забелешка:
Стручниот симпозиум e акредитиран во ЛКМ и истиот е бесплатен за членовите на МАДОТ,Здружението на неврохирурзи и Здружението на физијатри на РМ.За сите останати слушатели котизацијата е 1000,00 денари и треба да се уплати на жиро сметката на МАДОТ најдоцна до 05.11.2015 година.Жиро сметка:200000024204790,
даночен број :4030993252710,депонент: Стопанска банка-Скопје,РМ.

<< Назад
picture

Македонски

Се симнува документ за конгрес на Mакедонски јазик.

picture

English

Се симнува документ за конгрес на англиски јазик.

picture

Регистрација и сместување

Се симнува документ за регистрација и сместување.

picture

Registration and accommodation

Се симнува документ за регистрација и сместување.