Новости

Известување за едукативен курс за ултразвук на мускулоскелетен систем

01.10.2018

Почитувани колеги,

Би сакала да ве информирам дека фирмата за едукација на примена на дијагностички ултразвук SonoSkills од Холандија, чиј тренер за балканските земји е од Загреб, Хрватска, е заинтересирана за организација на базичен едукативен курс за ултразвук на мускулоскелетен систем, со практични вежби на апарати во Скопје.

Тоа е курс во траење од 6 дена, 2 пати по 3 дена, од петок до недела. На базичниот курс се учи во најголем дел нормалната анатомија, а само кратко време за одредени патолошки промени.По завршување на курсот се добива сертификат.Цената е 1100 евра,но можеби може нешто да се намали, што ќе зависи од бројот на учесниците.

Доколку сте заинтересирани ве молам пријавете се кај мене, на мојот мејл или телефон, за да знам колку колеги се заинтересирани.Овој курс би бил во јануари и февруари 2019.

Со почит,

Проф.д-р Ериета Николиќ Димитрова
e-mail: erietand@yahoo.com

<< Назад
picture

Македонски

Се симнува документ за конгрес на Mакедонски јазик.

picture

English

Се симнува документ за конгрес на англиски јазик.

picture

Регистрација и сместување

Се симнува документ за регистрација и сместување.

picture

Registration and accommodation

Се симнува документ за регистрација и сместување.